Скопски Металург и салата во Автокоманда ќе бидат домаќин на завршницата во Купот во Македонија, и во машка и во женска конкуренција. Натпреварите од ова натпреварување добија нов термин. Полуфиналните дуели во машка конкуренција ќе се играат на 13 мај, додека пак финалето е закажано за два дена подоцна.
13 мај
Полуфинале:
РК Металург – РК Вардар 1961 - 16:30 часот
РК Бутел Скопје – РК Еурофарм Пелистер - 19:00 часот
15 мај
Финале - 17:30 часот