Суперлига – плеј-оф (Осмо коло)
Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 26-33 (16-15)
Еурофарм Пелистер 2 го претрпе шестиот пораз, а Вардар 1961 ја запиша осмата победа во низа во плеј-офот. „Црвено-црните“ ја оправдаа улогата на фаворит против Еурофарм Пелистер 2 во второто полувреме, притиснаа колку што беше потребно за победа 26-33 (16-15).
Играта во првиот дел треба да го радува тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, бидејќи во оваа фаза најмладиот суперлигаш целосно му парираше на лидерот и големиот фаворит, Вардар. Најдобри поединци во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Петровиќ и Павле Атанасијевиќ со по шест и Дрогришки со четири гола, а кај Вардар на врвот на листата на стрелците беа Дибиров со осум и Георгиевски со седум погодоци.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Ј. Талевски 2, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски 1, Петровиќ 6, Андонов, И. Димитровски, С. Талевски 1, Стоилевски 2, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки 4, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути
Вардар:
Ристовски, Кантагрел, Јагуриновски, Стоилов 6, Георгиевски 7, Карапалевски, Јотиќ 2, Калараш, Гаџа 2, Чупиќ 5, Талевски 1, Дибиров 8, Векиќ, Атанасовски 1, Мишевски 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути
Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер 2 за две недели гостува во Скопје против Пролет.