Суперлига – плеј-оф (Осмо коло)
Струга – Еурофарм Пелистер 16-30 (10-14)
Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во плеј-офот со победа во салата „Нико Нестор“ во Струга. Битолчани го забележаа седмиот триумф во осмиот натпревар откако славеа на гостувањето кај Струга со 16-30. Клучна фаза од натпреварот беше почетокот на вториот дел кога екипата на Жељко Бабиќ со цврста одбрана се наметна и резултатски убедливо побегна. Во вторите триесет минути битолчани примија само шест погодоци.
Мирко Радовиќ постигна шест, а Стипе Мандалиниќ пет погодоци за гостите. Кај домашната екипа Ракочија реализира пет пати.
Спортска сала Нико Нестор (Струга)
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски (Скопје)
Струга:
Затаркоски, Јовановски, П. Маркоски 2, Лазароски, Крстаноски, Савески, Рајатовски 1, Јанкуловски 1, Ферукоски, Димитријески, Стојаноски, Илиевски 1, Костоски 1, Ракочија 5, Симоноски 4, Цветаноски 1
Седмерци: /
Исклучување: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Мараш 2, Ојлески 2, Н. Маркоски, Маџовски 1, Кукуловски 2, Мандалиниќ 5, Кушан 2, Радовиќ 6, Периќ 4, Костески 2, Кукоски, Петровски, Велковски 1, Граџан 3
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 2 минути
Следи пауза во клупскиот ракомет заради ЕХФ неделата, а потоа плеј-офот продолжува со гостувањето на Еурофарм Пелистер во Скопје кај Бутел.