Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавi списокoт на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за Европското првенство во 2022 година. Во рамките на ЕХФ неделата сениорите ќе ги одиграат двата последни натпревари од квалификациската група за пласман во Унгарија и Словачка. На скратениот список се наоѓаат ракометарите на Еурофарм Пелистер: Костески, Никола Маркоски, Мартин Велковски и Бојан Маџовски, Статус на резерви имаат Кукуловски, Кузманоски и Атанасијевиќ.
Сениорите прво ќе гостуваат во Рихимаки, Финска на 28 април, а на 2 мај во CЦ „Јане Сандански” против Швајцарија ќе го одиграат последниот натпревар од квалификациите.