Ракометарите на Еурофарм Пелистер лесно славеа на гостувањето во Скопје против Пролет (21-36). Отпорот на домаќинот бепе скршен пред крајот на првото полувреме. На одмор се замина со водство на гостите од 12-20, позитива што гостинскиот тим во вториот дел ја зголеми до конечните петнаесет разлика. Кукуловски со осум и Мараш со седум гола беа најефикасни во таборот на Еурофарм Пелистер, додека прв стрелец на Пролет при денешниот пораз беше капитенот Ласко Андоновски со шест погодоци.
Ракомет – Куп на Македонија (четвртфинале)
Пролет – Еурофарм Пелистер 21-36 (12-20)
Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)
Пролет:
Ангелов, Цветковски, Кристо, Аларов 1, Давитковски 5, Јовановски, Донев 1, Додевски, Димов, Андоновски 6, Џонов, Дамчевски, Василевски 2, Фичорски, Палевски 4, Пејовиќ 2
Седмерци: 7/3
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Мараш 7, Ојлески 2, Маџовски 3, Маркоски, Кукуловски 8, Мандалиниќ, Кушан 5, Радовиќ 2, Танкоски 1, Периќ 3, Костески 3, Кукоски, Велковски 1, Граџан 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути
Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се игра од 14 до 16 мај, а покрај Еурофарм Пелистер, пласман обезбедија скопските екипи Вардар, Бутел Скопје и Металург.