Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за пласман на Европското првенство. Повикани се осум ракометари на двата битолски суперлигаши: Костески, Велковски, Кузманоски, Кукуловски, Маџовски и Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер) и Иван Димитровски и Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2).
За време на ЕХФ неделата сениорите ќе ги одиграат двата последни натпревари од квалификациската група за пласман на континенталниот собир што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Сениорите прво ќе гостуваат во Финска на 28 април, а на 2 мај во CЦ „Јане Сандански” против Швајцарија ќе го одиграат последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.