Суперлига – плеј-оф (седмо коло)
Охрид – Еурофарм Пелистер 20-24 (9-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер запишаа сосема заслужена победа на секогаш жешкото гостување против Охрид во Суперлигата, триумфирајќи со 20-24.
Охриѓани успешно парираа 40-тина минути на фаворитот, одржувајќи израмнет резултат или минимална негатива се до 12-13. Но, потоа следеше целосна доминација на битолчани во финишот за конечен триумф. Јосип Периќ со седум погодоци беше лидер на победничката екипа.
Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)
Охрид:
Брауновиќ, Даниловски, Ивановски 1, Андоноски 1, Кривокапиќ 2, Блажески, Костов, Чагаљ 3, Николов, Иваноски, Соколов, Младеновиќ 1, Манасков 5, Ристески 1, Димитриески, Тот 6
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Мараш 3, Ојлески 2, Маркоски 2, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ 1, Кушан 4, Радовиќ 2, Танкоски, Периќ 7, Костески 1, Кукоски, Велковски 2, Граџан
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 8 минути
Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер го пречекува тимот на Струга, кој го совлада во првото коло во спортската сала „Боро Чурлевски“.