Започнаа првите репрезентативни повици пред ЕХФ неделата која следи на крајот од месецот. Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Хрвоје Хорват и неговиот нов асистент, Ивано Балиќ, го објавија списокот на ракометари за Еврокупот против Словачка и Унгарија, кои ќе се одиграат кон крајот на овој и почетокот на следниот месец.
На списокот на новиот предводник на „каубоите“ се најдоа 22 ракометари, меѓу кои младиот бек на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш и кружниот напаѓач Томислав Кушан.
Противници на Хрватска во оваа ЕХФ седмица ќе бидат Словачка и Унгарија, а натпреварите во Вараждин ќе се одиграат на 28 и 29 април.