Поранешниот тренер на Пелистер, српскиот стручњак Вук Рогановиќ почина денес на 77-годишна возраст. Рогановиќ го водеше клубот од Битола пред 40-тина години и остави трага со својата работа во градот на ракометот.
Својата играчка кариера ја мина во Младишта од Земун, Динамо Панчево, Црвенка, клубови од Шведска и Белгија.
Покрај многубројните клубови во Србија и поранешна Југославија, како тренер работеше и во катарскиот Ал Рајан, а беше и селектор на женската репрезентација на Југославија во 1995 година.
Во тренерската кариера Рогановиќ освои 24 трофеи со 26 клубови.