Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја исполнија целта во својот прв настап во новоформирана Европска лига на ЕХФ. Екипата на Жељко Бабиќ во ждрепката влезе како тим од третиот шешир и ја мина групната фаза, освојувајќи го четвртото место во групата Д.
Со пет победи, едно реми и четири порази, Еурофарм Пелистер ги освои зад себе Тримо Требње и Татабања и закажа осминафинале против Магдебург. Двата порази од бундеслигашот значеа и збогување од европските натпревари, барем до септември 2021 година.
Сите европски натпревари на Еурофарм Пелистер во сезоната 2020/21:
ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер 30-29
Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен 25-25
Рајн Некар Левен – Еурофарм Пелистер 28-20
Тримо Требње – Еурофарм Пелистер 28-24
Еурофарм Пелистер – Тримо Требње 33-26
Еурофарм Пелистер – Татабања 21-19
Татабања – Еурофарм Пелистер 21-24
Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме 32-31
Еурофарм Пелистер – Рајн Некар Левен 10-0 (службен резултат)
Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер 29-26
Еурофарм Пелистер – Магдебург 24-32
Магдебург – Еурофарм Пелистер 35-24
Со настапите оваа сезона Еурофарм Пелистер донесе значајни бодови за Македонија на клупската ранг-листа на ЕХФ.