Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – Петто коло
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 26-26 (11-14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 приредија подвиг, ремизирајќи 26-26 против фаворитот Охрид, меч на кој гостите имаа пет гола предност, но на крајот се доведоа во ситуација да се спасуваат од пораз. Момците на Јовиќ покажаа карактер, па заслужено стигнуваа до еден бод.
Одлично издание одбележаа бековите на Еурофарм Пелистер 2, покривајќи го отсуството на Јован Талевски, Мартин Манасков на седум секунди до крајот погоди за реми и бод за екипата на Раде Стојановиќ.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Исмаил Маталари и Ненад Николовски (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 5, В. Димитровски 1, Митревски, Петровиќ 1, И. Димитровски 2, С. Талевски 6, Стоилевски 5, Пет. Атанасијевиќ 1, Дрогришки 4, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 7/3
Исклучувања: 6 минути
Охрид:
Брауновиќ, Даниловски, Андоноски 1, Ивановски, Кривокапиќ 5, Блажески 4, Костов, Чагаљ 4, Николов 1, Соколов, Младеновиќ 2, Манасков 5, Ристески, Димитриески, Тот 4
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути
Во рамките на шестото коло од разигрувањето, в среда попладне се игра битолското дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.