Ракомет - Суперлига (плеј-оф) - Петто коло
Металург - Еурофарм Пелистер 22-32 (9-20)
Еурофарм Пелистер победи со убедливи 22-32 на гостувањето кај Металург, во најинтересниот натпревар од денешната програма во македонското ракометно првенство.
Битолскиот состав диктираше темпо во текот на целиот натпревар и заслужено ги освои бодовите, а на крајот тоа го направи и со двоцифрена разлика, нанесувајќи му тежок пораз на Металург.
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)
Металург:
Дупјачанец, Ѓоргоски, Петковски, Поповиќ 3, Кофиловски, Шилегов 1, Хорват 7, Калуѓеровиќ 4, Серафимов 1, Лазаревски 3, Тодевски 2, Митиќ 1, Додиќ, В. Маркоски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Мараш 5, Н. Маркоски 1, Ојлески 1, Кукуловски, Мандалиниќ 5, Кушан, Радовиќ Танкоски, Периќ 7, Кукоски 1, Велковски 3, Граџан 2
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер е второпласиран на табелата со четири победи и еден пораз по пет одиграни кола.