По елиминацијата од Магдебург во Лигата на Европа и поразот од Вардар во домашниот шампионат, битолскиот Еурофарм Пелистер попладнево загуби и на гостувањето во СЕХА лигата кај словачкиот Татран Прешов со 32-28. На прес-конференција по натпреварот своите впечатоци ги споделија тренерот Мојсов и капитенот Чаневски.
Божидар Мојсов
(тренер на Еурофарм Пелистер)
- Денес бевме малку несреќни во некои ситуации. Без разлика на поразот, имам чувство дека го дадовме максимумот. Татран во вториот дел го покажа својот квалитет и карактер. Нам ни преостанува последниот натпревар во групата против ППД Загреб.
Градимир Чаневски
(капитен на Еурофарм Пелистер)
- Во овој момент ни недостигаат неколку ракометари, а се чувствува и замор од одиграните натпревари минатиот месец. Сега треба да се фокусираме и да се подготвиме за она што нè чека пролетва.
Утре пелистерци се враќаат во нашата земја и ќе почнат да го подготвуваат натпреварот од четвртото коло на плеј-офот на Суперлигата против Пролет в среда во Битола.