Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го очекува незгодно гостување во регионалната СЕХА лига кај Татран Прешов.
Бекот Дарио Петровски смета дека густиот распоред е шанса за помладите ракометари од ростерот на битолчани да покажат што и колку можат.
„Имаме густ распоред, играме на секои 2-3 дена и малку има простор за одмор. Потребно е да се изротира ростерот, сите 20-тина ракометари за да се одиграат на ниво сите натпревари. Ова е шанса за нас помладите, да покажеме низ поголемата минутажа дека можеме да се носиме со сите противници“, смета еден од најмладите во ростерот на битолчани.
Божидар Мојсов во Словачка отпатува без Хендави, Кушан, Кукоски, Цветаноски и Вегар.