Ракометарите на Металург славеа над Еурофарм Пелистер 2 со 26-29 во натпревар од четвртфиналната А група во Купот на Македонија. Домаќините одиграа одлично прво полувреме, по кое на пауза заминаа со предност од 15-12. Сепак, во продолжението почнаа грешките и тимот на Иван Марковски тоа го искористи. За место на Ф4 од Купот на Македонија, Металург ќе се сретне со Работнички.
Ракомет – Куп на Македонија (четвртфинална група)
Еурофарм Пелистер 2 – Металург 26-29 (15-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Ј. Талевски 2, Пав. Атанасијевиќ 3, В Димитровски, Митревски 1, Мирчески, Петровиќ 8, Андонов, И. Димитровски 2, С. Талевски 3, Стоилевски 5, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути
Металург:
Дупјачанец 1, Ѓоргоски, Петковски, Поповиќ 5, Кофиловски, Шилегов 1, Хорват 8, Калуѓеровиќ 4, Серафимов 3, Лазаревски 4, Тодески, Митиќ, Рниќ 1, Додиќ 2, Маркоски
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 12 минути
Следниот натпревар Еурофарм Пелистер 2 го игра следната среда во Струга, во рамките од четвртото коло од плеј-офот.