По загубениот натпревар од Вардар 1961, битолски Еурофарм Пелистер го чека уште една тешка битка против Магдебург во осминафиналето во Европската лига. Битолчани ја почувствува моќта на бундеслигашот, но веруваат во подобро издание од првиот натпревар минатата недела.
Елмир Граџан смета дека битолчани може да бидат незгоден противник за Германците.
„Магдебург е екипа за која не треба да се трошат зборови. Покажаа дека се една многу квалитетна екипа. И ние сезонава покажавме дека можеме секому да парираме. На последните два натпревари малку паднавме, но верувам дека во Магдебург ќе го покажеме вистинското лице. Без разлика на заостанувањето од Битола, нема да се предадеме. Се подготвуваме и сигурно ќе бидеме незгоден противник за нив“, вели Босанецот.
До овој натпревар, Еурофарм Пелистер забележа пет победи и пет порази, со еден нерешен резултат во единаесет европски натпревари.