Ракометарите на Еурофарм Пелистер се во негативен момент по поразите од Магдебург и Вардар.
Битолчани ги чека реваншот против бундеслигашот во Лигата на Европа, а босанскиот среден бек Јосип Периќ вели дека мора да се одигра најдобро што може против Магдебург.
„Очигледно е дека падот на формата дојде во најлошо можно време. Треба да се собереме и да одиграме најдобро што можеме против Магдебург во Германија. Мораме тој натпревар да го искористиме за да извлечеме поуки и да смениме што не функционираше во нашата игра и да се вратиме на прав пат, бидејќи ни следат уште многу важни натпревари во краток период“, вели средниот бек.
Во својата историја Еурофарм Пелистер никогаш не победил на германско тло, а ова е четврто гостување во европските клупски натпреварувања во клупската историја.