Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 35-27 (17-12)
РК Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 35-27 (17-12) во дерби натпреварот од третото коло на плеј-офот на Суперлигата. Вардар одигра одлично во првото полувеме, период во кој успеа да се стекне со позитива од пет голови. Во последните 90.секунди домаќините влегоа со предност од 16-11, по голот на капитенот Стоилов. Во последната минута битолчани напаѓаа за -3, Ристовски одбрани, по брза контра погоди Чупиќ за 17-12 резултат со кој се замина на одмор.
Во второто полувреме, идеnтична слика на теренот во салата во СЦ „Јане Сандански“, вардарци сурово ги казнуваа грешките на гостите од Битола и на средина од вториот дел дојде и до двоцифрена предност (27-17) со што единствена непозната до крајот остана само разликата со која ќе слават. На крајот, Вардар победи со 35-27.
Најдобар стрелец кај Вардар беше Анте Гаџа со седум гола, Дисингер исто така заврши со седум погодока, пред Чупиќ со пет гола, додека кај Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ имаше осум гола, Граџан даде шест, а Периќ и Радовиќ стрелаа по двапати.
Во следното четврто коло од разигрувањето Еурофарм Пелистер го пречекува Пролет.