Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа третиот пораз во плеј-офот на Суперлигата. Попладнево во Автокоманда екипата на Александар Јовиќ загуби од Металург со 36-23. Ова беше победничко деби на Иван Марковски на клупата на „металурзите“, но триумфот останува во сенка на повредата на Марко Тарабокија, кој настрада при еден шут и дуел во првото полувреме и мораше на носилки да биде изнесен од теренот.
Добра вест за битолчани е враќањето на Јован Талевски по повредата на пријателскиот натпревар против Тиквеш.
Металург – Еурофарм Пелистер 2 36-23 (17-11)
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)
Металург:
Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски, Поповиќ 8, Кофилоски, Шилегов 2, Хорват 9, Калуѓеровиќ 8, Серафимов 2, Лазаревски 3, Тарабокија 1, Тодески, Митиќ, Рниќ 2, Додиќ 1, Маркоски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм
Пелистер 2: Ивановски, Бардаковски, Талевски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 5, Димитровски, Митревски 2, Мирчевски 1, Петровиќ 5, С.Талевски 4, Стоилевски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Белистојановски, Блажевски 2 и Арсеновски 1
Седмерци: 1/4
Исклучувања: 6 минути
Двете екипи ќе се соочат меѓусебе следниот викенд во Битола во полуфиналето на четвртфиналната група на Купот на Македонија.