Магдебург го доби првиот дуел од двобојот против Еурофарм Пелистер во Битола со 24-32 од осминафиналето од Лигата на Европа. Со ова практично е одлучен двобојот бидејќи ќе биде тешко во Германија да се надомести.
Плејмејкерот на битолчани Јосип Периќ го анализираше дуелот во Битола, кој во многу нешта беше едноличен.
„Првото полувреме ја направи таа разлика за противникот да извојува убедлива победа. Потфрливме во сите сегменти во првите триесет минути и во одбрана и во напад. Второто полувреме беше многу подобро, но не беше доволно за поволен резултат. Мораме што побрзо да го заборавиме овој пораз, затоа што в сабота нè чека за нас најважниот натпревар оваа сезона, против Вардар во Скопје“, рече Периќ.
Овој натпревар најверојатно беше последниот домашен натпревар на Еурофарм Пелистер во Европа за сезоната 2020/21. Возвратниот натпревар ќе се одигра во Магдебург на 30 март во 18:45 часот.