Еурофарм Пелистер - Магдебург 24-32 (9-15)
Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, не ја искористи предноста на домашниот терени и претрпе убедлив пораз од германскиот Магденург со 24-32, во првиот натпревар од осминафиналето во Европската лига.
Денешниот меч во Лигата на Европа започна на најлош можен начин за македонскиот претставник, Магдебург направи серија од 0-4, и веќе од тој момент почна да го контролира натпреварот кој беше максимално едносмерен.
Бундеслигашот направи плус осум уште во првото полувреме, на пауза замина со предност од 9-15, но на крајот одново се избори за разлика од осум гола и навистина комотна победа на гостувањето во Македонија (24-32).
Најдобар стрелец во таборот на победничката екипа беше Магнусон со десет гола, а шест впиша Дамгард. Кај Еурофарм Пелистер се истакна Мандалиниќ со шест гола, пет постигна Граџан, а по три запишаа Мараш и Периќ.
Пелистерци пеколниот март го продолжуваат в сабота со големото дерби со Вардар во Скопје, а следниот вторник го играат реванш дуелот со Магдебург.