Македонскиот претставник, Еурофарм Пелистер утре на домашен терен го пречекува Магдебург во првиот меч од осминафиналето во Европската лига. Битолчани ја прифаќаат аутсајдерската улога, но најавуваат жестока битка, секоја шанса за изненадување максимално ќе ја искористат. Пивотменот Никола Маркоски верува во изненадување против еден од фаворитите во натпреварувањето.
„Секој натпревар со бундеслигаш е голем натпревар. Штета што нема публика да биде поинтересно? Ќе дадеме сè од себе да извелечеме добар резултат во Битола, па во реваншот ќе се бориме колку што можеме.
Секако дека Германците се фаворити, ние ја имаме улогата на аутсајдери и наше е да покажеме дека тоа не е така. Карактеристиките за нивниот најдобар ракометар Безјак ни се познати. Добро влече полуконтра и игра еден на еден, така да ќе се обидеме да го затвориме. Голема улога во играта на Магдебург има и десниот бек со шутевите од надворешните позиции“, смета кружниот напаѓач.
Екипата на Еурофарм Пелистер е скоро перфектна на домашен терен по доаѓањето на тренерот Бабиќ на клупата, па нема пораз скоро една и пол година во Битола.