Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија од Пролет со резултат 21-23 во натпревар од второто коло на плеј-офот на Суперлигата. Во ценртална улога беше голманот Петар Ангелов, кој со две клучни одбрани во последните две минути ја сочува победата. Битолчани беа хендикепирани со неиграњето на повредениот Јован Талевски, а во второто полувреме црвени картони заработија Петровиќ и Дрогришки.
Суперлига – плеј-оф (второ коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 21-23 (10-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп)
Црвени картони: Петровиќ и Дрогришки (Еурофарм Пелистер 2)
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Арсеновски 1, Петровиќ 4, И. Димитровски 1, С. Талевски 5, Дрогришки 2, В. Димитровски 1, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ 6, Митревски, Белистојановски, Јовановски, Блажевски, Стоилевски 1, Петковски
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 16 минути
Пролет:
Ангелов 1, Цветковски, Кристо, А. Василевски, Аларов 3, Давитковски, Пецаковски, Димов 3, Андоновски 2, Џонов 1, Мајнов, Дамчевски, Ф. Василевски 1, Потиќ, Палевски 8, Пејовиќ 4
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 12 минути
Палевски со осум и Пејовиќ со четири гола се истакнаа кај победничката екипа, а Павле Атанасијевиќ со шест и Стефан Талевски со пет погодоци беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2. Скопскиот тим е лидер со две победи, а младата битолска екипа разигрувањето го започна со два порази.