Во вторник се враќа на сцена Лига Европа, со првите осминафинални натпревари. Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер го пречекува поранешниот европски шампион, Магдебург од Германија, а натпреварорт е закажан во вечерниот термин од 20:45 часот.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од осминафиналето на Европската лига, каде Македонија ја претставува битолски Пелистер. Косовските судии Шериф Чема и Бесфорд Јахја ќе ја делат правдата на натпреварот на битолчани против бундеслигашот Магдебург во вторник од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Косовските судии првпат ќе им судат на пелистерци во Европа, а делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Камер Металари.
Возвратниот натпревар меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер ќе се игра на 30 март во 18:45 часот во Магдебург.