По повеќе од една година и триумфот во Москва против Спартак, Еурофарм Пелистер забележа гостинска победа во еден интернационален натпревар. Триумфот во Шабац против Металопластика е од голем значај и носи четвртфинале на СЕХА лигата.
Младиот хрватски бек на прес-конференцијата по натпреварот, кој битолчани го добија со 27-33, рече:
„Натпреварот го отворивме лошо, со многу примени голови. Знаевме дека противникот е многу квалитетен во транзиција, но во вториот дел кога работите ги ставивме под контрола, а притоа нашиот голман беше одличен меѓу стативите, влеговме во серија и заслужено го добивме овој натпревар“.
Еурофарм Пелистер вечерва се враќа во Битола и од утре започнува со подготовка на домашниот дуел против Бутел в недела. До крајот на месец март битолчани ќе играат два европски натпревари против Магдебург и домашен дуел против Вардар во Скопје, во рамките на третото коло на плеј-офот на Суперлигата.