Со одигрувањето на десеттото коло дефинирани се паровите за осминафиналето на Лига Европа. Единствен македонски претставник во натпреварувањето останува Еурофарм Пелистер. Со пет победи и едно реми од десет натпревари екипата на Жељко Бабиќ го освои четвртото место во силната група Д.
Овој расплет го носи дуелот против Магдебург во битка за четвртфиналето. Првиот дуел се игра во Битола, а реваншот во Германија.
Осминафиналe:
Еурофарм Пелистер – Магдебург
ЦСКА Москва – ГОГ Гудме
Ним – Адемар Леон
Фајверс – Фуксе Берлин
Кадетен Шафхаузен – Монпелје
Рајн Некер Левен – Нексе
Висла Плок – Спортинг
Чеховски Медведи – Кристијанштад
Натпреварите се играат на 23 и 30 март 2021 година.