Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз од 26:29 против Кадетен ја завршија групната фаза и во осминафиналето за противник ќе го имаат тимот на Магдебург. Со овој резултат Кадетен Шафхаузен се најде на втората позиција во групата Д и ќе игра со Монпелје во осминафиналето, додека Еурофарм Пелистер за ривал ќе го има составот на Магдебург.
На прес-конференцијата Јосип Периќ изрази жалење за неиграњето на неколку повредени ракометари на битолскиот клуб.
„Честитки до домаќинот за извојуваната победа, го дадовме максимумот до крај и нам не ни беше лесно затоа што ни ниедостигаа неколку клучни играчи. Мислам дека поради тоа и го загубивме овој дуел. Ако бевме комплетни можевме да стигнеме до подобар резултат. Сепак, среќни сме што стигнавме до тука и го очекуваме следниот натпревар против Магдебург“, рече босанскиот бек.
Јосип Периќ беше автор на седум гола, беспрекорно ги изведуваше седмерците и го доби признанието за најдобар ракометар во битолскиот табот по завршувањето на натпреварот. Неговата форма е во нагорна линија и вечерашниот дуел се надоврзува на одличните натпреварите против Татран, Татабања и ГОГ Гудме.