Еурофарм Пелистер утре го игра последниот натпревар од групата Д на Лига Европа. Иако веќе обезбеди учество во осминафиналната фаза, тимот на Бабиќ не знае од која позиција ќе влезе во следната рунда и против кој тим ќе се соочи на крајот од март.
Битолчани на ова гостување заминаа евидентно ослабени. Поради повреди надвор од конкуренција се Маџовски, Кушан, Кукуловски и Вегар, а Карим Хендави не доби потребнат виза за патување во Швајцарија.
Еурофарм Пелистер утре наутро ќе го одржи единствениот тренинг пред натпреварот со Кадетен Шафхаузен.
Со евентуален триумф, како и со пораз на ГОГ Гудме на гостувањето кај Рајн Некар Левен, Пелистер ќе се искачи на втората позиција на табелата во својата група, а доколку запише пораз или реми ќе остане четвртопласиран. Натпреварите од осминафиналето се играат на 23 и 30 март. Во случај да биде втор во групата македонскиот претставник на првиот натпревар ќе биде гостин, а ако заврши на третото и четвртото место, најнапред ќе игра на домашен терен.