По минатгодишните две победи во Лигата на шампионите, Татран Прешов денес „го положи оружјето и убедливо загуби од македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер. Екипата на Жељко Бабиќ извојува победа од 28-16 и со овој триумф веќе врза пет победи по ред.
На прес-конференцијата тренерот на Татран Прешов, Славко Голужа рече:
„Сакам да им честитам на домашните ракометари, но и на моите момци. Долго време играме „ранети“ и немам храброст повеќе да ги критикувам ракометарите. Малиот играчки кадар, како и исцрпеноста на играчите, дојде до израз против противник кој беше мотивиран да стигне до оваа победа. Жал ми е што сме во ваква фаза, сакавме подобар натпревар во Битола, но без оглед на поразот јас сум горд на моите момци. Ова не е Татран кој луѓето го знаат“.
Словачкиот шампион претрпе три порази и се наоѓа на дното на табелата во групата, во единствена непоразена екипа е ППД Загреб, кој утре гостува во Шабац кај Металопластика.