Еурофарм Пелистер во рамките на Купот на Македонија запиша лесна победа против Вардар од Неготино со45-11, а тренерот Жељко Бабиќ во екипата вклучи и им и даде солидна минутажа на тројца младинци од тимот кој го води Фарух Мемиќ. Тројцата младинци кои играа се средношколци од Битола, родени во 2003 година, кои ќе можат да се пофалат дека на 18 години играле за сениорскиот тим.
Тројцата се од Битола, а се работи за Филип Гуцевски и Христијан Мицевски кои се ученици во Средното медицинско училиште, а Андреј Марковски е ученик во Горната гимназија „Јосип Броз Тито“.
Гуцевски, Ристевски и Марковски добија солидна минутажа и шанса да го покажат квалитот кој го имаат, но и максимално ја искористија минутажата.