РК Еурофарм Пелистер ги собра наградите на 56-от избор на „Спортист на Битола“, манифестација во организација на Сојузот на спортови и Општина Битола. На манифестацијата, која се одржа во Центарот за култура во Битола, клубот доби признание за афирмација на градот на меѓународна сцена.
Награден беше и тренерот Жељко Бабиќ, а ракометарот Стипе Мандалиниќ заврши на второто место на традиционалната листа на десет најдобри спортисти.
Специјално признание им беше доделено на Силјан Мицевски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска за реализација на „Платформата за ракометна Битола“, реализирана во декември 2019 година.