Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) го регистрира со службен резултат натпреварот од деветтото коло на групата Д на Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен.
Недоаѓањето на германската екипа во Битола значи службена победа на македонскиот претставник со 10-0. Со овие два бода екипата на Еурофарм Пелистер има 11 бода во пресрет на последното десетто коло и натпреварот во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен.
Битолскиот клуб и натаму има шанса за пласман на второто и треото место, а во најлош случај ќе биде четврти.