b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_02_Жељко_Бабиќ_.jpg

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, очекува тежок меч со Татран Прешов во третото коло во регионалната СЕХА лига. Средбата ќе биде одиграна утре во Битола од 17:45 часот.

На денешната средба со новинарите тренерот на битолчани искажа зборови за респект кон Голужа и словачкиот шампион.

„Татран Прешов е добро тренирана и добро водена екипа од поранешниот хрватски селектор, кој долго време е таму, што значи дека добро си ја работи својата работа. Во тоа не треба воопшто да се сомнева. Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка во напад. Тоа веќе им го нагласив на моите ракометари. Единствен начин ако сакаме да победиме е агресивна одбрана, посебно во средината, и враќање во одбрана. Натпреварот бара голем респект и ни следи тежок дуел“, смета хрватскиот стручњак.

Досега во А групата на СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер запиша една победа и еден пораз. Покрај овие две екипи, во оваа група се уште српската Металопластија и хрватскиот ППД Загреб.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723