Еурофарм Пелистер - ГОГ Гудме 30-29 (15-16)
Македонскиот преставник во Лига Европа, Еурофарм Пелистер оствари голема победа и со 32-31 го совлада актуелниот лидер во данското првенство, тимот на ГОГ Гудме. Изедначено и рамноправно беше во текот на целиот натпревар. Еурофарм Пелистер отвори подобро, со агресивна одбрана дојде до водство од 5-2 во 9. минута. Следеше консолидација на гостите, направија серија од пет гола и во 20. Данците првпат поведоа со два разлика, 10-8. ГОГ Гудме замина на пауза со 15-16 и продолжи да го контролира резултатот вополовина од вториот дел.
Сепак, на сцена стапија Мараш, Периќ, Граџан и со серија од 5-0 и во 45. минута веќе беше 25-23. Следеше драматична завршница, гостите се вратија на гол негатива, но никако не можеа да израмнат. Хендави бранеше одличнои во последните три минути се влезе со 32-30. ГОГ Гудме отиде да игра за бод во последниот напад, но Данците погрешија, па победата им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер.
Матео Мараш со осум гола и Јосип Периќ со седум беа најзаслужни за вечерашната победа на македонскиот тим, а одлична партија одиграа и Костески со пет и Граџан со шест погодоци. Кај гостите најпрецизен беше Јакобсен со единаесет гола.