На Еурофарм Пелистер му недостигаат уште три натпревари до крајот на групната фаза на Лига Европа. Првиот од нив е утревечер во Битола против ГОГ Гудме од Данска. Дуелот во салата „Боро Чурлевски“ ќе го водат Константин Ершов и Антов Пављуков од Русија.
Делегат на натпреварот ќе биде Ацо Николовски од Македонија. Натпреварот ќе се игра без присуство на публика, а пелистерци ќе се обидат да се реваншираат за поразот од 30-29 во второто коло во октомври 2020 година.
Пред овој натпревар ГОГ Гудме е второпласиран во групата Д со осум бода, а Еурофарм Пелистер е третопласиран со седум бода.