Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш попладнево одиграа пријателски натпревар во Битола, кој заврши нерешено, 25-25. Гостите доминираа во првото, а домаќините во второто полувреме, па најреален исход е реми резултатот.
Се играше храбро и на моменти агресивно, а податокот дека вкупно 18 минути се играше со ракометар помалку, покажува дека тимовите не се штедеа.
Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 25-25 (8-15)
Судии: Методија и Михајло Илиевски (Битола)
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, И. Димитровски 1, Петровиќ 5, Петровски 2, Арсеновски 2, С. Талевски 7, Ј. Талевски 2, Дрогришки 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Пет. Атанасијевиќ, Митревски, Блажевски 1, Белистојановски 1
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 6 минути
Тиквеш:
Стојановски, Велков, Димитров, Петров, Коловски, Симиќ 6, Смиљаниќ 5, Гошевски 4, Коцев 4, Медиќ 1, Окардов 2, Јанчев 2, Лазов 1
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 12 минути
Следниот натпревар Еурофарм Пелистер 2 го игра против Струга в четврток во Битола.