Повредите не го штедат тимот на Еурофарм Пелистер во новата 2021 година.
Клубот ја информира јавноста дека левото крило на екипата и репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски успешно го оперираше прстот на раката, кој го повреди на пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Чиле во Скопје, во јануари оваа година. Зафатот мина во најдобар ред и ракометарот го почнува периодот на рехабилитација. Неговото враќање на терените се очекува следниот месец.
До крајот на месец февруари Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе игра против ГОГ Гудме и Рајн Некар Левен во Лига Европа и против Татран Прешов во СЕХА лигата.