Пред две сезони во групната фаза на ЕХФ Купот, Татабања двапати го совлада тогаш Еурофарм Работник во групната фаза, а две години подоцна битолчани сервираа реванш со две победи на домашен терен.
Српскиот стратег на клупата на Татабања, Владан Матиќ по натпреварот кажа рече, иако го имале мечот во свои раце, не успеале да ја задржат позитивата.
„Честитки до екипата на Еурофарм Пелистер за победата. Го имавме натпреварот во свои раце. Сепак, не одигравме како што треба во финишот. Ракометарите на Бабиќ ги користеа своите шанси и победија. Црвениот картон беше меѓу клучните елементи. Не може со четири минути исклучувања за клупата да добиете ваков натпревар. Потребно ни е искуство да ги затвориме натпреварите и ќе работиме на тоа во иднина“, изјави Матиќ.
Татабања има шест порази од исто толку натпревари сезонава во Европа и ги загуби шансите за пласман во осминфиналето. Вечерва со чартер лет од Охрид, Унгарците се враќаат во својата татковина по два натпревари во два дена со македонскиот вицешампион.