Повредата на хрватскиот кружен напаѓач Томислав Кушан го одбележа натпреварот од седмото коло на Лига Европа меѓу Татабања и Еурофарм Пелистер. Првата информација вели дека се работи за повреда на нерв до кичмата. Кушан веднаш по натпреварот прими инјекција во грбот поради огромни болки и ќе мора да мирува, а утре заминува на дополнителни испитувања.
Хрватот во осмата минута од натпреварот при еден напад не погоди и тргна да се враќа назад, но наеднаш падна на теренот. Со болна гримаса на лицето, се држеше за грбот и остана да лежи на теренот подолго време додека да бидат создадени услови да биде изнесен од теренот.
ж
Жељко Бабиќ на пивотменската позиција ги има на располагање Никола Маркоски и Елмир Граџан.