Еурофарм Пелистер - Татабања 21-19 (11-10)
Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер со победа ја почна втората полусезона во Европа, откако со 21-19 (11-10) ја победи Татабања во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Ова беше заостанат натпревар уште од првото коло од Европската лига. Еурофарм Пелистер ја оствари целта, бодовите останаа во Битола.
Битолчани тргнаа фуриозно, по 20 минути игра имаа водство од 7-2, но потоа следуваше пад, на полувремето македонскиот тим остана само со еден гол предност 11-10.
Во вториот дел се играше изедначено, и гостите имаа водство, но кога најмногу требаше тимот на Жељко Бабиќ се крена, новиот голман Хендави врза неколку одбрани во серија, а ракометарите на Пелистер направија серија од 4-0 која беше клучна за победата од 21-19.
Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Томислав Кушан со шест гола, Стипе Мандалиниќ средбата ја заврши со пет погодоци.