Еурофарм Пелистер во следните два дена ќе одигра два натпревари на домашен терен со унгарскиот претставник Татабања во рамките од групата Д на Лига Европа.
Пред првите европски натпревари репрезентативното десно крило Ненад Костески рече:
„По поразот во Загреб мора да издвоиме некои грешки во второто полувреме. Жал ми е, игравме прекрасно прво полувреме, но натпреварот се игра 60 минути.
Татабања е одличен противник, во никој случај не смееме да ги потцениме Унгарците. Се подготвуваме, добро ги анализираме и ова за нас се многу битни натпревари и како се подготвуваме верувам дека ќе извојуваме две победи кои многу ќе ни значат. Не смееме да ја потцениме Татабања, иако имаат четири порази. Имаат квалитетна екипа и одлични бекови, кои ако влезат во серија ќе ни направат многу проблеми“.
Пред три сезони Еурофарм Работник и Татабања се сретнаа во два натпревари од групната фаза на ЕХФ Купот и двапати победа извојуваа унгарските ракометари.