Напоредно со почетокот на плеј-офот на Суперлигата, во која ќе играат и Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, започнуваат натпреварите и од Купот на Македонија. Сите суперлигаши ќе се вклучат уште во првото коло, во кое ќе се игра по елиминациски систем.
Според полудиригирана ждрепка двата битолски клуба треба да добијат статус на носители во ждрепката против која многу веројатно ќе играат со прволигашки тимови или суперлигаши од плеј-аут сегментот. Победниците од елиминациската фаза ќе формираат четири четвртфинални групи, а победниците ќе обезбедат место на завршниот турнир во мај годинава.
Квалификационите натпревари ќе се играат на 24 и 25 февруари, четвртфиналните групи на 31 март и 1 арпил, а „фајнал-фор“ турнирот е на програмата од 21 до 23 мај. Со ждрепка ќе бидат одредени паровите, а дополнително ќе биде познат домаќинот на завршниот турнир.