Неколку дена откако пристигна во Битола, египетскиот голман Карим Хендави официјално беше претставен како нов член на Еурофарм Пелистер. 32-годишниот Хендави веќе одржа неколку тренинзи со групата на повредени ракометари, со кои работи Божидар Мојсов, а вечерва првпат заееднички ќе тренира со новите соиграчи, кои доцна синоќа се вратија од Загреб. Со Хендави, како и со останатите голмани, ќе работи тренерот на голманите Ице Соколески. Хендави во Еурофарм Пелистер ќе го носи дресот со број 88.
На голманската позиција тренерот Жељко Бабиќ ги има на располагање Благојче Трајкоски и Градимир Чаневски.
На клупски план претходно настапуваше за Доброгеа Суд (Романија), Бешикташ (Турција) и Замалек (Египет). Со селекцијата на Египет ги освои африканските шампионати во 2016 и 2020 година.