По победата против Металопластика во декември минатата година, Еурофарм Пелистер првпат е поразен во СЕХА Гаспром лигата. Во натпревар со две различни полувремиња, екипата на Жељко Бабиќ потклекна пред налетот на ППД Загреб, кој на крајот славеше со 26-23 во „Дом спортова“ во Загреб.
Сите ракометари беа разочари по поразот, но најавија дека ќе извлечат поука од падот во вториот дел.
„Очекуваме дека ќе биде тежок натпревар. Сепак противникот е во позитивна серија и тоа го продолжија. Добро отвотивме, потоа и ја зголемивме предноста, но падот на концентрацијата и неколку промашени зицери доведоа на крајот да загубиме“, заврши младиот десен бек.
Целта на стручниот и медицинскиот тим е во следните два-три дена да оспособат дел од повредените ракометари за важниот европски двомеч против Татабања в среда и в четврток.