Еурофарм Пелистер одигра две различни полувремиња на гостувањето во Загреб и се враќа со пораз од ППД Загреб со 26-23.
Тренерот Жељко Бабиќ на прес-конференцијата рече дека одбраните на Ашанин во вториот дел беа клучни за победата на „плинарите“.
„Честитки за победата на ППД Загреб. Кога беше најпотребно Ашанин беше одличен на голот и мислам дека неговите одбрани беа клучни за конечниот резултат. Бодовите заслужено останаа во Загреб. Паднавме во интензитетот и домаќинот нè казнуваше. Мораме да бидеме компактни во текот на сите 60 минути, особено во одбраната, бидејќи ако не сме подготвени во одбраната тогаш тешко е да се победи. Во секој случај ние покажавме доста вечерва, не победивме, меѓутоа продолжуваме понатаму“.
Експедицијата на Еурофарм Пелистер утре се враќа во Битола и веднаш ќе започне со подготовка на натпреварите од Лига Европа против Татабања на 10 и 11 февруари.