Еурофарм Пелистер 2 - Голден Арт КЛ7 23-21 (14-8)
Македонските суперлигаши Еурофарм Пелистер 2 и Голден Арт КЛ7 одиграа контролен натпревар во Битола, а на крај победници излегоа домаќините кои славеа со 23-21 (14-8).
Двете екипи настапија со шаренолики состави, а кај домаќините заради повреди и болест не настапија Кузманоски, Стоилевски и Васко Димитровски.
Еурофарм Пелистер 2 од 27 февруари ќе продолжи со натпреварување во плеј-офот, а Голден Арт КЛ7 ќе разигрува за опстанок во Суперлигата.