За натпреварите од ЕХФ Лигата на Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања (10 и 11 февруати во 17:00 часот) започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Дигитални медиуми, ТВ, Веб ТВ и радио мораат да аплицираат директно во ЕХФ за добивање на акредитација за следење на натпреварот. Барањата за акредитации треба да се испраќаат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Сите барања испратени на други адреси нема да се разгледуваат. Носителот на ТВ права за територијата на Македонија нема потреба од акредитирање до клубот.
Новинарите од печатените медиуми и порталите, и фотографите треба да ги испратат своите барања директно до клубот најдоцна до три работни дена пред почетокот на натпреварот. Печатените медиуми, новинари и фотографи своите барања за акредитации треба да ги испратат директно на клубот на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
РК Еурофарм Пелистер дополнително ќе го објави протоколот на ковид-19 за организацијата на натпреварите во Лига Европа. Клубот го задржува правото заради ограничувањата да одбие дел од барањата.
Сите присутни новинари и фотографи треба да ги почитуваат протоколите на организаторот на натпреварот (ЕХФ и Еурофарм Пелистер).