В сабота од 20:00 часот во Загреб тимот на Еурофарм Пелистер го игра својот втор натпревар сезонава во групата на СЕХА лигата. Резултатите на сите членови на Еурофарм Пелистер на ковид-тестовите се негативни.
Четири играчи од првиот тим ќе бидат отсутни поради повреди. Тоа се Марин Вегар, Бојан Маџовски, Томислав Кушан и Мартин Велковски. Исто така, битолчани нема да може да сметаат и на новиот голман Карим Хендави, кој ќе добие право за настап против Татабања.
Во Битола остана и помошникот тренер Божидар Мојсов, кој ќе работи со повредените ракометари.