Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа четвртиот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната. По реми, пораз и победа на подготовките во Хрватска, избраниците на Жељко Бабиќ триумфираа над Охрид со 21-19 (11-10).
Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер – Охрид 21-19 (11-10)
Спортска сала „Јован Калаузи“ - Битола
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Еурофарм Пелистер:
Чаневски (15 одбрани), Трајковски (2 одбрани), Ојлески 2, Мараш 2, Кукуловски, Стјепановиќ 5, Мандалиниќ 3, Граѓан, Маркоски 1, Кукоски, Костески 3, Радовиќ 1, Ѓукиќ 1, Периќ 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути
Охрид:
Брауновиќ (9 одбрани), Даниловски (5 одбрани), Андоноски 2, Ивановски, Кривокапиќ, Блажески 1, Костов, Чагаљ 4, Николов, Иваноски, Соколов 1, Младеновиќ 2, Наумоски, Манасков 2, Шулески, Ристески 1, Димитриески, Надев, Тот 6
Седмерци: 4/1
Исклучувања: 4 минути
Следниот официјален натпревар тимот на Бабиќ ќе го одигра на шести февруари во СЕХА Гаспром лигата против ППД Загреб на гостински терен.