Жељко Бабиќ, кој имаше договор со Еурофарм Пелистер до јуни годфинава, сега се договори да остане дел од екипата до јуни во 2024 година така што продолжува да се рабори според планот кој беше зацртан во моментот кога на почетокот на 2020 година дојде во Битола.
„Уште на почетокот на нашиот разговор со професорот Стерјев, ја планиравме иднината и уште тогаш сакавме договор на подолг период. Уште тогаш бевме многу професионални и си дадовме време да видиме како ќе се снајдам во новата средина и клубот да ги види моите спосособности и дали со мојот профил одговарам за оваа средина. Јас сум задоволен од тоа како напредуваме и во организациска и во професионална смисла. Клубот е задоволен со мојот пристап кон работата и професионалноста. Радосен сум што сум дека од семејството Еурофарм Пелистер и сите ќе дадеме максимум за еден ден да го подигнеме тој пехар кој силно го посакуваме. За тоа е потребен процес, време и квалитетни одлуки. Некогаш во шега велам дека ќе останам во Битола се додека не го освоиме пехарот во националното првенство“, вели Бабиќ.
Сакаме да имаме што е можно повеќе македонски репрезентативци и кога ќе игра македонската селекција да се исповетуваме со неа. Само така ќе го подигнеме квалитетот на клубот. Спојот на домашни репрезентативци и добро селекционирани и бирани странски ракометари се добитна комбинација. Само прашање на време е кога тоа ќе се оствари, но клубот веќе сега остварува големи успеси.
48-годишниот сплиќанец го наследи Стевче Алушовски и е првиот тренер по потпишувањето на договорот за ракометна Битола, во јануари 2020 година.